Свет

Изгласана нова влада во Приштина, премиерот Албин Курти си го зеде Бљерим Река за министер

Со 66 гласа ЗА и 10 воздржани, пратениците во косовскиот парламент доцна попладнево ја изгласаа новата Влада на премиерот Албин Курти.

Новата влада ќе има 15 министерства, од кои две и` припаднаа на Српската листа  и двајца вицепремиери. Прв вицепремиер е Авдула Хоти од ДСК и Хаки Абази од Самоопределување. Министерска фотеља добива и Бљерим Река, кој беше и кандидат за претседател во Македонија поддржан од Алијанса за Албанците и БЕСА . Река ќе го води министерството за европска интеграција.

Претходно денеска, Курти најави дека во целост е подготвен да води дијалог со Белград. Косово, како што рече Курти, на основа на меѓународниот закон и право, ќе подготви тужба против Србија за воени злосторства, геноцид и агресија.

фото: Архива

На почеток