Магазин

Легендарниот актер Кирк Даглас почина во 103-та година

Почина легендарниот Кирк Даглас на 103-годишна возраст, а веста за смртта на медиумите ја пренесе неговиот син, Мајкл Даглс.

„Со голема тага, јас и мојот брат соопштуваме дека Кирк Даглас денес не напушти на 103-годишна возраст.“ – изјави Мајкл за Ројтерс.

Во 1999-та година година, Американскиот филмски институт го прогласи Кирк Даглас за еден од најдобрите машки актери на класичното холивудско кино. Истиот бил 3 пати номиниран за Оскар, а има снимено повеќе од 80 филмови.

„Кирк Даглас имаше добар живот. Тој ни остави филмско наследство, кое ќе биде зачувано и за следните генерации, а воедно беше и вистински филантроп, кој напорно работеше за општеството и мир на планетата. Се гордеам што сум негов син.“- додаде Мајкл.

фото: Hello! magazin

 

На почеток