Вработен на депонијата „Дрисла” со месеци живее во Австралија, а зема плата како редовно да доаѓа на работа. Ова го покажува првичната ревизија во работењето на депонијата, откако Град Скопје ја презема под своја надлежност од концесионерот италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“, објави СДК.МК.
При проверката на финансиските движења, исплатите на плати и бројот на вработени, било констатирано дека еден вработен повеќе од три месеци не доаѓал на работа, а се водел дека е на годишен одмор. Извори од депонијата за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека новиот директор Коста Начевски веднаш побарал објаснување како е можно овој вработен да користи со месеци одмор кога на ниту еден вработен не му следуваат толку денови годишен одмор. Веќе наредниот ден вработениот му испратил порака на директорот дека морал да остане во Австралија толку долго бидејќи помагал во гасењето на пожарите кои ја зафатиле земјата. Тој уште истиот ден добил отказ бидејќи без покритие со месеци не се појавил на работното место, објави СДК.МК.
