Свет

(ВИДЕО) Реконструкција на падот на хеликоптерот во кој загина Коби Брајант заедно со неговата ќерка и уште седум лица

Две недели по несреќата во која животот го загуби Коби Брајант заедно со неговата ќерка и уште седум лица, истражителите ги утврдуваат причините за трагедијата. Според првичните информации, тие ја отфлиле можноста дека хеликоптерот се урнал поради проблеми со моторот. Вештачењето на остатоците од хеликоптерот не укажува на тоа дека тој се соочувал со технички проблеми.

Врз основа на официјалните белешки од полицијата, изјавите на сведоците и разговорот со контролата на летање изработена е видео реконструкција на падот на хеликоптерот.

Конечниот извештај на истражителите ќе биде достапен само за една година, а маглата се истражува како една од можните причини за падот на хеликоптерот.

фото: Los Angeles Times

 

 

На почеток