Денеска на ГП во “Св. Наум”ќе биде означен почетокот на проектот „Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“. Општина Дебрца е еден од директните партнери. Еве што напиша градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески на социјлната мрежа фејсбук.
-Во рамките на овој проект, во општина Дебрца како еден од директните партнери во проектот, предвидено е реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во с. Брежани во модерен планинарски дом, реконструкцја пропустите и патот од Брежани до Илинска црква, набавка на опрема и специјално теренско возило за спасување во зимски услови. Исто така предвидени се и обуки за прва помош во зимски услови, за локалното население, се вели во објавата на градоначалникот Ногачески.
фото: Архива
