Некатегоризирани

„Идадија” муза на боемите

За старата градска кафеана “Идадија”, сместена во срцето на Дебар Маало се врзува дел од традицијата и историјата на Скопје. Таа веќе осум децении е место каде што се собираат луѓе од најразлични провиниенции – познати градски “фаци”, боеми, доктори, писатели, уметници, актери, офицери, но и занаетчии, трговци, спортисти… А приказната за “Идадија” започнува во дваесеттите години на минатиот век. Кога печалбарот Ефтим Цветановски, родум од гостиварското село Куново, се вратил од Букурешт, Романија, решил да си го собере семејството на едно место. Во пролетта 1928 година во скопското Дебар Маало изградил куќа, а на приземјето ја отворил тогашната крчма над чија порта го ставил натписот-“Идадија”. Името е турцизам и значи гимназија, кафеаната го добила името по турската подофицерска школа, а потоа и старата Учителска школа која се наоѓала од нејзината спротивна страна. На почетокот “Идадија” била маалска кафеана, но набргу таа прераснала во едно од најпознатите градски собиралиш та. За нејзината историја се врзани имињата на видните дебармаалци: Корда, Буста, Хофсет Бојаџијан, потоа Никола касапот, сајџијата Мирослав, Толчи, Капетановиќ, Мачки, па актерите Драги Костоски, Петре Прличко, Тодорч е Николовски и многу други. Во чест на Ефтим, покојниот писател Благоја Стефановски, кој го напиш а текстот за легендарната “Чија си”, ги посветил стиховите: Дојде како голтар, се поклони пред олтар и ја создаде “Идадија”. Ритуалот на гостите почнувал уште во раните утрински часови кога низ утринското кафе и, речиси, без исклучок, првата чашка ракија, се читале весници и се прераскажувале најновите случки. Така е и денес. “Идадија” гордо му пркоси на времето. Иако низ времињата, таа повеќепати го менувала ликот, токму на ова место и ден денес може да се доживее она исконско уживање. Скарата и неодминливите ќебапи се уште се приготвуваат исклучиво на жар, а дебармаалската чорба и специјалитетите карактеристични за на- шето поднебје, се прават по рецептите на нашите предци. Идадија не е обична кафеана. Таа била и остана муза на уметниците, свето место за трговците, храм за боемите, мевлем за вљубените… Со корените на Идадија е врзана традиционалната прослава на новогодишните празници на сите дебармаалци која се одржува секоја година. Секој први јануари, тие во Идадија се гостат со бесплатен појадок, за потоа низ звуците на тапаните да го одиграат традиционалното дебармаалско коло. Денес, Идадија ја живее својата трета младост, со третата генерација наследници на Ефтим “Идадија-М” на Миле Цветановски-Чаталот и “Идадија-З” на неговиот братучед Ацо Цветановски. Традицијата продолжува, а потомците на дедо Ефтим ветуваат дека нема да го прекршат неговиот аманет таа да продолжи да биде дел од семејното наследство и заштитен знак на Цветановци.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток