Македонија

Светска банка: Македонија е најсиромашна на Балканот

Со 52.210 долари богатството по глава на жител, Македонија е меѓу последните на Балканот и во Европа. Ова го покажува најновиот извештај на Светската Банка „Променливото богатство на нациите“ кој предвид зема повеќе категории.

До вредноста на вкупното богатство на државите се доаѓа со собирање на повеќе категории и распределба на збирот со бројот на жители. Така Македонија по глава на жител има производствен капитал во вредност од 18.969 долари, природен капитал од 11.416 долари и човечки капитал од 24.770 долари и негативен капитал во странство од -2.945 долари, објави пулс24.мк

На Балканот зад нас се единствено Босна и Херцеговина со 40.486 и Турција со 45.998 долари по глава на жител. Пред нас се Албанија со 53.107, Бугарија со 81.878, Романија со 107.022, Хрватска со 147.545, Грција со 227.925 и Словенија со 351.776. За Србија нема податоци.
Најбогатите, пак, пет држави во светот се: Норвешка со 1 милион и 672 илјади долари по глава на жител, Катар со 1 милион и 597 милиони, Швајцарија со 1 милион и 466 илјади, Луксембург со 1 милион и 288 илјади и Кувајт со 1 милион и 123 илјади долари по глава на жител.
Најсиромашните пет држави во светот се: Гамбија со 5.208, Мозамбик со 7.718, Бурунди со 7.579, Коморските острови со 8.836 и Гвинеја со 8.943.

Текстот во целост на; Пулс24.мк

На почеток