Во Собранието во тек е седницата за предлог-законот за јавно обвинителство. Седницата премина во обвинувања, напната дискусија и тоа помеѓу СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и независната „осумка“ за случајот „Рекет“, за работата на СЈО, за „бомбите“…
Пратеничката Даниела Рангелова, која е обвинета во предметот „Насилство во Центар“, од говорницата побара сите засегнати со предметите да се воздржат од дискусија.
„Жал ми е што гледам како колеги од ВМРО-ДПМНЕ, од пратеничката група или независни, учествуваат во едно самоуништување на партијата. Сакам ова да престане веднаш, имаме за што да зборуваме, личните работи да си ги оставиме за дома. Сметам дека е принципиелно сите, дали се обвинети, дали се во некоја истражна или предистражна постапка, да не влегуваат во расправа зашто граѓаните ќе кажат дека го зборуваат тоа пристрасно“, рече Рангелова.
фото: Архива