Македонија

ГДУ ја отпочна постапката за избор на кандидати за пратеници

Републичкиот изборен штаб на ГДУ на денешната седница ја отпочна постапката за избор на кандидати за пратеници, на претстојните парламентарни избори. Претседателот на ГДУ, Петар Колев, ги информираше членовите на РИШ и УК за партиските активности и средбите со
претставници на невладиниот сектор и политичките партии.

Согласно заклучокот од седницата на РИШ, РИШ е задолжен да создаде технички услови за нормално функционирање на кампањата за претстојните парламентарни избори 2020. РИШ со нетрпение очекува да заврши агонијата која се случува во Собранието на Република Македонија.

фото: ГДУ

На почеток