Скопје

Пуштен во употреба билетот за едно возење

ЈСП го пушти во употреба билетот за едно возење. Билетот може да се купи во сите возила на ЈСП и во билетарниците на ЈСП Скопје. Билетот чини 50 денари, согласно одлуката на Советот на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје.

Билетот е наменет за еднократна употреба, хартиен е со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компактибилен со постоечката опрема, односно се валидира безконтактно на постоечките валидатори.

Цената на останатите видови билети останува непроменета. Со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од градовите од внатрешноста, а олеснителна околност ќе биде и за странските државјани.

фото: ЈСП

На почеток