Македонија

Богојески: Мафијата ги контролира СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и сите институции во Македонија

Петар Богојески лидерот на „Македонски Концепт“ гостувајќи на Телевизија 24 кажа дека Македонија не е киднапирана од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и дека е направен превид кога се изнесувале такви тврдења, туку земјата е киднапирана од мафијата која ги контролира двете најголеми партии и сите институции во земјава.

Богојески кажа дека на Македонија и е потребна „демафијизација“ која неминовно ќе се случи низ евро интегративниот процес, бидејќи со новата методологија на проширување доколку Македонија не се справи со мафијата нема да може да се интегрира во ЕУ.

 

На почеток