Свет

ВИДЕО: Јосипа Лисац е пријавена оти се смеела додека ја пеела хрватската химна

Адвокатот Бошко Жупановиќ поднесе пријава против хрватската пејачка Јосипа Лисац за нејзината изведба на хрватската химна на инаугурацијата на новоизбраниот, петти по ред претседател, Зоран Милановиќ. Јосипа Лисац пред два дена, на инаугурацијата на хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, ја отпеа хрватската национална химна „Лијепа наша домовино“.

Во пријавата се вели дека тврди оти Лисац ја извела химната на Република Хрватска на потсмешлив и омаловажувачки начин и со тоа го нарушила угледот на државата користејќи потсмешливи артикулации и тоналитети.

„Јас не сакам медиумско внимание. Го направив тоа како адвокат и граѓанин. Мислам дека тоа е обично исмејување и дека не прилега за никаков настан, а камоли за инаугурација на избраниот хрватски претседател“, рече Жупановиќ за „Индекс“ додавајќи дека ова го смета за своја граѓанска должност.

„Сега ќе бидам најискрена. Ова е многу свечен момент. Честитки до претседателот Зоран Милановиќ. Мене ми беше страв. Морав да станам рано и тоа за мене е нешто страшно. Можете да си замислите како ми беше затоа што јас обично станувам околу 11 часот. И гласот мора да ви биде во топ-форма“, изјави Јосипа Лисац за хрватските медиуми и додаде: „На некои луѓе нема да им се допадне тоа, но тоа е слободата. Треба да се сака својата земја, да бидеме слободни во неа, треба да се твори во неа. Да се сакаме себеси и сите околу нас“.

На почеток