Коментари

(ФОТО) Директорот на АППТ- Јаневски тргна со автобус за Белград, ќе ја претставува земјава на саемот за туризам

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот  Љупчо Јаневски, тргна со автобус на саем за туризам во Белград. Саемот започна вчера, и ќе трае до 23 февруари.

Станува збор за 42-от меѓународен саем за туризам ”SAJAM TURIZMA” во Белград. Првиот ден од саемот е отворен само за професионалци во туристичката индустрија на кои им се овозможува удобна работна средина со цел подобро  вмрежување со тековните партнери и запознавање на нови.

Секоја година, ”SAJAM TURIZMA” е домаќин на повеќе од 1000 изложувачи од над 50 земји, како и над 12.000 професионалци од туристичката индустрија – учесници, посетители и гости.

Македонија на овој саем се претставува секоја година. Нашата земја е примамлива туристичка дестинација за Србите.

 

https://www.facebook.com/ljupco.janevski.1/posts/2730914130337332

фото: ФБ Љупчо Јаневски

На почеток