Македонија

Почнува судењето за организаторите на „27 април”

Во Кривичниот суд во Скопје, денеска почнува судскиот процес за организаторите на насилствата во Собранието на 27 април 2017 година. Обвинети во предметот се поранешниот спикер на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование Миле Јанакиески и Спиро Ристески, како и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.

Тие се товарат за кривично дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

фото: Архива

На почеток