Турската крајбрежна стража спасила 40 мигранти кои со пловило заглавиле кај брегот на турски западен остров, во обид да влезат на грчка територија.
Турската крајбрежна стража испратила два хеликоптери и брод по повикот за помош што го упатиле мигрантите, пренесе новинската агенција „АП“.
Националноста на мигрантите не е јавно соопштена.
Турската крајбрежна стража годинава пресретна повеќе од 23.500 лица кои се обиделе да заминат за Грција, преку Турција.