Македонија

Д-р Зафировиќ: Навистина повеќе немаме друг избор, освен да создадеме нормална држава

Политичката платформа  „Македонски концепт“ вечерва ја промовираше својата програма. Дел од овој концепт е и Д-р Елена Зафировиќ. Таа на самиот почеток кажа дека се обраќа како граѓанин, а не како политичар  и додаде дека е среќна што има можност да ги искаже сопствените ставови за ова што ни се случува, како и личната борба за преживување секојдневно.

„Да бидам искрена до пред десетина дена немав намера воопшто да гласам на овие избори ниту на било кои други, меѓутоа македонски концепт со својата платформа каде обичниот граѓанин има прилика и можност да ги искаже сопствените мислења и да ги истакне проблемите со кои секојдневно се соочува го привлече моето внимание и ме охрабри да ја надминам пасивноста и да се приклучам кон оваа граѓанска иницијатива чии концепт и платфома според мое лично убедување се искрени и граѓански“, истакна Зафировиќ .

„Македонски концепт е единствен по своето убедување и единствената опција која промовира и ќе продолжи да промовира проекти зад кои стојат докажани професионалци со својот личен и професиопнален интегритет и кредибилитет. Тоа е клучната гаранција за граѓаните дека нашите проекти ќе се остварат.

Знам дека е тешко да се поверува во било што во денешно време кога постојано сме опкружени со лаги и манипулации, но ако сакаме да имаме држава лагите, манипулациите и политичките пазари ќе мора да престанат. Навистина повеќе немаме друг избор, освен да создадеме една нормална држава“, истакна Зафировиќ .

Таа во продолжение додаде:

„ Јас сум по професија лекар, хирург си ја сакам својата работа, работењето со пациенти ме исполнува и ме прави среќна и сите жртви кои што морав да ги поднесам како жена во професијата, вредеа и сеуште вредат. Меѓутоа сеуште е поразително и демотивирачки чувството дека системот во кој што работите и делувате ги минимализира сите ваши лични напори, вашиот професиоонализам  и се она што го правите со искрена желба и посветеност. Она што најмногу ми смета со едне збор кажано е аматеризмот, кој е присутен во сите сфери на нашето општество.

Тајната на успехот на развиени држави не е во тоа дека тие имаат совршени луѓе, туку во системот кој функционира сам по себе истиот е назависен од политиката. Тој систем е она што ние треба да го имаме, односно она што треба да го создадеме.Патот кој треба да се помине е тежок и исполнет со огромен број на предизвици и после повеќе од 30 години мислам дека сите сме уморни, меѓутоа нашиот концепт за професионаонализам во секој предложен проект ќе значи реална платформа за промени во секоја сфера на живеењето. Време е да се даде шанса на нови луѓе, докажани професионалци“, истакна пред присутните на промоцијата на платформата на „Македонски концепт“ , Д-р Елена Зафировиќ .

На почеток