Магазин

(ВИДЕО) Пеколна роденденска прослава – Три лица загинаа скокајќи во базен со сув мраз

Роденденска прослава се претвори во трагедија. Тројца луѓе починале, а неколкумина се сместени во болница по забавата во базенот со сув мраз на влијателната руска блогерка Екатерина Диденко во Москва.

Руските медиуми објавија снимка на која се гледа  како во базен во затворен простор се става сув мраз. И оние што малку се разбираат во хемија им е јасно дека по овој потег веднаш доаѓа создавање на јаглероден диоксид. Со оваа количина на сум мраз просторијата се претворила во гасна комора, пишува РТ.

Трагичниот настан се случила во петокот доцна вечерта, кога Диденко го славела 26-от роденден со семејството и со пријателите. Сопругот на Екатерина, Валентин, донел сув мраз поради постигнување ефект на магла, погодна за сликање и снимање. На снимката се гледаат гостите облечени во бели заштитни одела, носат очила и сите се собрани околу малиот базен. Се слуша како едно лице на глас ги чита инструкциите на пакувањето на сувиот мраз шегувајќи се дека сувиот мраз може да биде многу опасен, по што едно лице скока во базенот.

Оваа шега заврши кобно за три лица меѓу кои и сопругот на славеничката, Валентин.

Започната е истрага за трагедијата, а прва на списокот на сомнителни е Екатерина. Се испитува и тоа како обезбедиле сув мраз.

фото: webtid.ru

На почеток