Штипскиот градоначалник Благој Бочварски на Фејсбук се пофали дека Штип испишува нова историја затоа што ќе се трасира пат за иднината, за побрз развој на градот, за денешните и за идните генерации, за развој на бизнис-секторот, за работниците и за студентите.
- Утре Штип испишува нова историја, трасираме пат за иднината, за побрз развој на нашиот град, за денешните и идните генерации, за развој на бизнис секторот, за работниците и студентите, за сите граѓани. Мостовите имаат моќна и важна симболика во општеството – тие се симболи на поврзувањето, на соработката, на развојот. Но, мостовите имаат и многу конкретна економска вредност, затоа што овозможуваат суштинска експанзија на продуктивната размена. Затоа овој мост и украс на градот ќе го носи името мост „Иднина“ како конкретен израз на соработката помеѓу сите ентитети вклучени во локалното управување, но и на нашата одлучност да го отвориме регионот за нов развој и просперитет денеска и во иднината. Понеделник 2 март 2020 година во 13 часот после 65 години го пуштаме во употреба новиот, челичен мост на Брегалница прв од ваков тип во државата, напиша Бочварски на ФБ.
https://www.facebook.com/bocvarski/posts/10215036342893595
Но, на социјалната мрежа Твитер веќе се појави видео-снимка од една забава направена на тој мост. Нешто слично како и чочекот во новиот тунел на автопатот Смоквица-Демир Капија.
После 2 години застој, добивме мост, кој мораше да се прослави со чочек и веселба. 😂😂😂 pic.twitter.com/OEy9KoGHaQ
— RajnaBureva (@RajnaBureva) March 1, 2020
фото: ФБ