Македонија

„Транспортер“ се одложи, Кацарака бара стражарско приведување за Талески

Судското рочиште за „Транспортер“ се одложува за 4 март поради отсуство на обвинетиот Владимир Талески, кој за тоа доставил медицинска документација. Судијката Добрила Кацарака, рече дека нема да прифати одложување на рочишта со секоја доставена медицинска документација и го извести бранителот дека ќе побара проверка и доколку обвинетиот можел да присуствува ќе побара итно стражарско приведување, објави МИА.

Случајот се наоѓа во завршна фаза, со давање на завршни зборови.

Во „Транспортер“ обвинети се поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

извор: МИА

На почеток