Скопје

(ВИДЕО) Хотел во центарот на Скопје во карантин, се тестира турист за коронавирус

Двајца странски државјани сместени во хотел во центарот на Скопје, се испитува дали имаат коронавирус, откако пријавиле дека два дена имаат симптоми слични на настинка, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Како што информираше министерот за здравство Венко Филипче едниот од двајцата е жител на Австралија, а другиот е од Сингапур. И двајцата допатувале во земјава на 28 февруари, со лет преку Келн, Германија, а изминатите три дена пројавиле симптоми на настинка.

За нивната состојба тие информирале преку телефонска линија од хотелот, по што веднаш се испратени епидемиолози кои што со нив разговарале и направиле акета каде изминативе денови се движеле и со кого контактирале.

фото: ТВ 21

На почеток