Македонија

Продолжи акцијата за уривање дивоградби во Охрид

Далеку од очите на јавноста и без официјални информации за јавноста деновиве во Охрид продолжи уривањето на дивоизградени објекти.

Општина Охрид за „Скопје 1“ потврдува дека се спровела оваа акцијата на улицата „Марко Нестороски“ врз објект каде се уриваше дивоизграден потпокрив и потпорни ѕидови.

Претходно беше најавено уривање на дивопоставените плажи, но таа акција беше одложена по што беше најавено дека привремено ќе прекинат сите активности за уривање дивоградби.

Во Охрид на сила е мораториум за градба, а урбанистичките планови не се носеа со децении, па тоа ги принуди граѓаните да градат дивоградби за да продолжат нормално со животот и да ги задоволат потребите од простор.

фото: Скопје 1

На почеток