Македонија

Жените сеуште се борат за своите права

8 март, многу жени добиваат подароци, цвеќиња, ќе слават по кафани, но дали сите жени го празнуваат денот исто?

Чувство на срам, вина, ниска самопочит и самодоверба. Страв за својот живот и животот на своите деца. Насилството врз жената за жал сеуште има и тоа во големи размери. Тоа се манифестира во различни форми. Често, тоа е физичко насилство, но во многу случаи станува збор  груби коментари, љубомора, психолошка агресија, закани  и навреди. Психичкото насилство е познато и како емоционално насилство чија главна карактеристика е тоа што ја нарушува благосостојбата на едно лице. Тоа води кон сериозно емоционално нарушување на психичкото здравје на жртвата.

Психолозите се категорични дека психичкото насилство многу потешко се препознава за разлика од физичкото.

За жал многу малку жени се одлучуваат да проговорат јавно за психичкото насилство, поготово во Македонија. Според нив, ова е мала земја, каде не смее јавно да се зборува. Затоа што ако кажат вината се насочува кон нив, и наместо закрила добиваат прст вперен кон нив дека се виновни за таквиот однос.

Другата причина која е многи значајна, тоа е социјалниот момент. Со ниска или никава плата, каде да се оди велат одредени жени кои со години трпат тортура само поради своите деца.

Институциите охрабруваат постојано, кажете, не молчите. Јавно проговорите… Но, што прават  институциите за да им помогнат на овие жени?

Едно е сигурно не ги слушајте ветувањата дека насилството ќе престане. Вие и вашите деца заслужувате да се чувствувате сигурно и безбедно од секаков вид на насилство.Побарајте помош. Секогаш има излез  од тунелот.

фото: Архива

На почеток