Четири лица се позитивни на тестовите за коронавирус во Бугарија, објави началникот на воено-медицинската академија во Софија, Венцислав Мутафчииски, на прес-конференција.
Бугарските власти објавија дека КОВИД-19, имаат две лица во северниот град Плевен, а два во Габрово, во централниот дел на земјата. Владата соопшти дека денеска ќе одржи итен состанок за да се продискутира за мерките што треба да се преземат против ширењето на коронавирусот.
Властите најавија дека ќе бидат земени и примероци од оние со кои заразените биле во контакт.
Заразените лица се во изолација во болница и се наоѓаат во добра состојба.
фото: Архива