Визер ги откажа летовите за Тревизо (Венеција) и за Милано, по декретот на италијанската Влада со кој цела Ломбардија и 14 други северни провинции се ставени во карантин за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Компанијата соопшти дека ги суспендира сите летови кон Милано, Бергамо и Тревизо до 3 април.
Патниците чии летови се откажани ќе бидат известени 14 дена пред закажаниот лет и ќе им биде понудена алтернативна дестинација или враќање на парите за картата.
фото: Архива
