Свет

Португалскиот претседател во карантин поради Ковид-19

Претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуса ги откажа сите јавни обврски во следните две недели и ќе остане дома поради епидемијата на новиот коронавирус, соопшти неговиот кабинет.

Тој неодамна прими група ученици од училиште кое подоцна беше затворено затоа што на еден ученик му беше дијагностицирана болеста ковид 19, којашто го предизвикува коронавирусот.

Кабинетот на претседателот соопшти дека тој нема симптоми на болеста и дека студентот кој бил тестиран позитивно на вирусот, воопшто не бил во групата што ја посетила претседателската резиденција.Сепак, претседателот одлучил да се изолира „да даде пример за превентивни мерки“.

Во Португалија досега се откриени 25 случаи на заразени со коронавирус, но смртни случаи нема.

фото: Sputnik – Sputnik News

 

На почеток