Македонија

Директорката позитивна на коронавирусот пред една недела била пријавена во министерството за здравство

Директорката на скопската Клиника за кожни болести, Нина Цаца-Биљановска кај која денеска беше потврдено дека е позитивна на коронавирусот уште минатиот понеделник од свои колеги била пријавена во министерството за здравство, дознава „Фокус“ од свои извори.

Според  информациите на Фокус, докторката била на скијање во Италија, ама пред неколку денови присуствувала на симпозиум во Рагуза, каде што држела предавање на 100 луѓе. Фокус уште пишува декаа откако се вратила докторката, настанале конфликти на клиниката меѓу неа и нејзините колеги, кои упорно барале таа да се пријави, но наместо тоа, директорката им се заканувала со откази, ако некој го стори тоа. Нашите извори уште тврдат дека на симпозиумот биле присутни и Грци, кои сега мора да бидат известени од македонското ресорно министерство, обајви ФОКУС.МК

извор: ФОКУС.МК

 

На почеток