Свет

27 лица починале од труење со алкохол – верувале дека лекува од коронавирусот

Дваесет и седум луѓе починаа во Иран од труење со алкохол, по шпекулациите дека алкохолните пијалаци лекуваат од коронавирусот, објави официјалната новинска агенција „Ирна“.

Иран, каде денеска беше објавен податокот за 237 починати, е една од најтешко погодените земји со болеста ковид-19, по Кина и Италија.

Во Исламска Република Иран забранети се продажбата и пиењето алкохол, но месните гласила постојано известуваат за смртни случаи поради труење со алкохол.

фото: Архива

На почеток