Македонија

Неколку лекарки од Штип во домашна изолација зашто биле во контакт со директорката на Кожна клиника

Неколку лекари специјалисти од штипското кожно одделение се во домашна изолација, откако биле во контакт со директорката на Клиниката за кожни болести, за која тестовите покажаа дека е позитивна на корона вирус.

иректорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова за МИА вели дека лекарките од штипското кожно одделение се во домашна изолација. Епидемиолозите во разговорите и анкетата утврдуваат со колку луѓе лекарките имале контакт.

Екипа од Центарот за јавно здравје –Штип  на кожното одделение прават целосна дезинфекција. Директорот на Клиничка болница-Штип, Алем Ѓеорѓијев вели дека подетални информации и за преземените мерки ќе даде попладнево Министерот за здравство, Венко Филипче.

извор: МИА

На почеток