Македонија

Со комбе се обидел да пренесе 25 мигранти

На 09.03.2020 во 17.45 часот на локалниот пат с.Банско – с.Муртино, струмичко, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи-Исток забележале комбе „форд“, со штипски регистарски ознаки, кое влегло во с.Муртино. Набргу потоа, возачот го напуштил возилото и побегнал, а во возилото биле пронајдени 25 мигранти, од кои 14 од Авганистан, седум од Пакистан и четири од Иран. За настанот бил известен јавен обвинител и бил извршен увид од екипа од СВР Струмица.
Мигрантите биле задржани во СВР Струмица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

фото: Архива

На почеток