Свет

Кина и помага на Италија со медицински песонал, но испрати и маски, заштитни одела и тампони за дијагностицирање на коронавирусот

Во Италија пристигна медицинска помош од Кина. Девет лекари и специјализирани техничари, 100.000 маски со најнова технологија, 20.000 заштитни одела за медицинскиот персонал и 50.000 тампони за дијагностицирање на коронавирусот.

Инаку станува збор за екипата лекари и медицински техничари кои во својата земја веќе беа на првата борбена линија со коронавирусот. Кина се одлучи да помогне затоа што бројот на заразените во Кина значитело опаѓа, па медицинскиот персонал сега е подготвен да им помогнат на пријателите од Италија.

фото: Архива

На почеток