Македонија

Во понеделник состанок на Советот за национална безбедност

Претседателот Стево Пендаровски за в понеделник свикал седница на Советот за национална безбедност со стандардниот состав ќе присуствуваат и министерот за здравство и началникот на ГШ на Армијата, на која ќе се разговара за состојбата со коронавирусот и  мерките што стојат на располагање.

Претседателот на денешната прес конференција повика лидерите на партиите во наредните денови да ги преиспитаат ставовите за неодложување на изборите и водење кампања преку социјалните мрежи, затоа што, според него, спорен е и самиот изборен ден кој треба да се организира во вакви услови.

Доколку изборите се одржат на 12 април, претседателот Пендаровски додаде дека предизборната кампања може да се спроведе преку медиумите и социјалните мрежи. Пендаровски апелираше до граѓаните за поголема грижа и почитување на препораките.

На парламаентарните избори, рече Пендаровски, во просек гласаат над еден милион граѓани, а во нивната организација учествува 30-илјадна администрација.

фото: Архива

На почеток