Да не се крева паника без потреба. Да се почитуваат препораките на Владата и да се спроведуваат. Социјалните мрежи да не се користат за ширење на лажни вести. За заболените пациенти и оние кои се тестираат валидни се информациите исклучиво од министерствот за здравство.
Имено во Охрид преку социјалните мрежи се шири лажна вест, дека на гинекологија е примена пациентка заболена од корона вирус. Ова не е точно, велат од општата болница.
Од болницата додаваат дека точно е дека е примена пациентка од Дебар, која била тестирана за корона вирус, но тестот бил негативен, а поминал и периодот на инкубација на вирусот.
И покрај се пацинтката во Охрид е донесена според препораките на министертвото за здравство и сместена во оддвоен дел.
Имено станува збор за пациентка од Дебар, која имала роднини во странство, но таа не била во контакт со нив.
фото: Архива
