Главниот штаб денеска во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) одржа состанок во врска со постоењето кризна состојба на дел од територијата на земјава, односно во општините Дебар и Центар Жупа за справување со ширењето на корона вирусот.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку ги презентираше планираните точки на дневниот ред кои беа усвоени без забелешки.
Како што соопшти ЦУК, еден од заклучоците на денешната седница е Центарот за управување со кризи (преку РЦУК Дебар) да го организира и координира внесувањето на артиклите за исхрана и материјално техничките средства во кризното подрачје. Барања да се доставуваат до Центарот за управување со кризи и во соработка со Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство и Единиците на локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа ќе ги определи термините и местата за преземање.
