Македонија

Димитров оствари средба со Шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанковиќ

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска го прими новоименуваниот шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија, полковникот Зоран Јанковиќ.

На средбата, министерот Димитров упати задоволство од конструктивната улога и поддршката на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, која преку својата советодавна улога значително учествува во подготовките на земјата за членство во НАТО.

Во оваа прилика заеднички беше констатирана успешната соработка, подвлекувајќи ја важноста за зајакната комуникација во периодот што претстои, кој е особено важен за Република Македонија, кога се очекува успешно заокружување на пристапниот процес и членство на земјата во Алијансата.

Министерот Димитров информираше за преземените чекори и активности од пристапниот процес, потенцирајќи го едновремено очекувањето наскоро Република Македонија да стане полноправна 30-та земја членка на Алијансата. Тој исто така ја реафирмираше посветеноста на Република Македонија да продолжи со имплементација на позитивната динамика како наш придонес кон регионалниот и глобалниот мир, безбедност и стабилност.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток