Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Да се прифатат мерките за загадениот воздух, во спротивно власта да си замине

„СДСМ наместо да троши пари на луксузи и лубриканти нека започне да работи нешто за намалување на загаденоста во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ како партија која се грижи за здравјето на своите граѓани во Собранието вчера поднесе информација за енормното загадување на амбиеталниот воздух во државата.

Нема место и време за политиканство кога станува збор за здравјето на нашите граѓани. ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш, власта да ги прифати нашите предлог итни мерки за справување со енормното загадување на воздухот.

ВМРО-ДПМНЕ апелира да се прифатат мерките кои живот значат. Во спротивно власта треба да си замине и да остави друг да се грижи за здравјето и животот на граѓаните“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток