Скопје

Општина Аеродром со 300 000 евра против загадувањето

Градоначалникот Златко Марин се уште верува дека деветкатницата кај Мајчин Дом нема да се гради. Вели дека во тек се преговори со инвеститорот, каде се разговара за обештетување, од кои тој очекува позитивен исход.

„Тоа е сума, сега да не навлегуваме во бројките. Тоа е отприлика сумата што ја откупил како земјиште, сумата на земјиштето и комуналиите што се уплатени во Град Скопје и во Општина Аеродром. А обештетување од аспект на профит не паднало муабет до сега.“ – изјави Златко Марин, градоначалник на Општина Аеродром.

Минатата среда градежната инспекција на Општината на 15 дена ја стопираше изградбата поради утврдени недостатоци на градилиштето. Рокот кои го предвидоа за да се изнајде решение заедно со инвеститорот, истекува следната среда. И додека се чека исходот, Марин денеска се пофали дека ќе ги зголемува зелените површини во Аеродром. Со 300 илјади евра општината ќе се бори и против загадениот воздух.

„Набавивме 1 800 садници и имаме предвидено 4 нови паркови во Мичурин и во Стар Аердром. Наша цел е да креираме и да реализираме мерки чии резултатити ќе бидат видливи и ќе имаат реален придонес за подобрување на квалитетниот живот на граѓаните во Општина Аеродром“ – дециден е Марин.

И додека општините допрва ги најавуваат мерките со кои ќе се борат против загадувањето – мерните станици вчера измерија дека ПМ10 честичките во воздухот се три пати над дозволеното.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток