Свет

(ВИДЕО) Македонец кој живее во Италија советува: Седете дома, не излегувајте, спречете го она што нас ни се случува

Македонец од Италија го пренесува сопственото искустов со корона вирусот, човекот кажува што ќе се случи со Македонија доколку не си седиме во изолација. Ви препорачувам сите да го погледнете видеото до крај.

https://www.facebook.com/246970679544862/videos/248010366368422/?v=248010366368422

Италија деновиве преживува пеколни денови.Регионот Ломбардија, која е најпогодена од коронавирусот во Италија и  во која живеат повеќе од 10 милиони луѓе, минува низ тешки денови поради епидемијата на ковид-19 .  Капацитетите за интензивна нега во областа Ломбардија, се скоро целосно исполнети.

Во Италија се регистрирани 21.157 случаи, а само во Ломбардија 11.685. Вкупно 1.441 лица починале во цела Италија, од кои 966 лица во областа Ломбардија. Излекувани се 1.966 лица, а бројот на активни случаи е 17.750 од кои 1.518 се во критична состојба.

Градоначалникот на Ломбардија, Атилио Фонтана, потврди дека бројот на починати за жал се зголемува и ситуацијата се влошува.

Анестезиологот, Ивано Рива, од болницата во Бергамо, Ломбардија, изјави дека доколку продолжи досегашниот пораст на заболени, областа нема да издржи.

фото: Архива

На почеток