Македонија

Охридските ученици ќе имаат неформална настава по електронски пат

Фб статус на градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски:

💻📲📧 Согласно актуелната состојба со Корона вирусот Ковид-19 и поради прекинот на воспитно – образовниот процес, Локалната самоуправа даде иницијатива и препорака за изнаоѓање на алтернативни форми за надоместување на изгубениот наставен материјал за учениците од подрачјето на Општина Охрид.

За таа цел сите основни и средни училишта во координација со надлежните за образование при локалната самоуправа, деновиве започнаа да спроведуваат неформална настава по електронски пат за учениците.

Ова значи дека наставниците и професорите ќе споделуваат наставни содржини согласно предвидените образовни програми, вежби и задачи за учениците преку е-маил, преку групи на социјалните мрежи и преку други електронски алатки за комуникација.

Општина Охрид ги поттикнува сите наставници и професори да се вклучат со свој ангажман и да придонесат во делот на оваа иницијатива.

Инаку основците и децата од претшколска возраст од вчера имаат можност да следат и едукативни содржини на трите канали на националниот телевизиски сервис МРТВ, изведени од програмите кои се користат во училиштата и градинките.

https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/561539324451675/?type=3&theater

На почеток