Споменикот Мечкин Камен во Крушево, синонимот на Крушевската Република и на херојството на востаниците, се прогласува за значајно културно наследство со што овој локалитет соодветно ќе се одржува и инфраструктурно ќе се зачува. Ова е на иницијатива на крушевската локална самоуправа.
Со решение, Министерството за култура го прогласува споменикот за значајно културно наследство со заштита од трет степен откако до него беа доставени Елаборат за валоризација на споменикот на културата „Мечкин Камен“ како и предлог за донесување акт за прогласување на значајно културно наследство.
Фото: My Macedonia Blog