Македонија

(ФОТО) Трагедија: 35 годишен македонец загина во Србија во конвој на камиони кои минуваат во транзит поради коронавирусот

Македонски државјанин (35) загина во сообраќајна несреќа која се случи кај клучката во Белград на патот за Добановци, а повредени се 4 лица. Се судриле автомобил и камион кој бил во конвој под полициска придружба, објави  „Курир.рс“

Во сударот учествувале четири камиони од конвојот меѓу кои бил и возач од Полска. Неофицијално тој ја предизвикал несреќата.

Камионите кои минуваат низ Србија поради состојбата со вирусот не смеат да застануваат каде што сакаат туку само на одредени места.

фото:telegraf.rs

На почеток