Македонија

МВР поднесе пријава за ексдиректорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца-Биљановска

Поранешната директорка на скопската Клиника за кожни болести Нина Цаца-Биљановска доби пријава од Министерството за внатрешни работи, затоа што не ја почитувала мерката за самоизолација и откако се вратила од Италија продолжила да оди на работа, доведувајќи во опасност стотици нејзини колеги и пациенти.

„На 29 февруари 2020 ексдиректорката влегла во земјата. Против сите оние што не ги почитувале препораките на Владата е поднесен соодветен поднесок до ОЈО по член 205 и 206 од Кривичниот законик“,изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Директорката освен што одела на работа држела и предавање на симпозиум на 103 лекари во скопскиот ресторан „Рагуза“.

фото: Архива

На почеток