Македонија

ГДУ предлага неколку мерки за помош на здравствениот ситем, еве кои се

ГДУ предлага неколку мерки со цел финансиски да се помогне здравствениот систем,се вели во соопштението кое го испратија до медиумите. Тие предлагаат:

– Да се престане со исплаќање на плати на пратениците кои така или инаку не работат, а средствата Владата да ги насочи кон здравствениот систем;

-Парите кои државата им ги исплаќа на партиите од државниот буџет да се пренасочат кон здравствениот систем, а оние партии кои веќе ги добиле средствата предвидени од државниот буџет во знак на солидарност да ги подарат или вратат во здравствениот систем;

-Средствата предвидени во буџетот за рекламирање на политичките субјекти за изборите, Владата да ги пренасочи кон поддршка на стопанството;

-Апелираме до министрите, советниците во општините и градоначалниците, своите плати за месец март да ги донираат за борба против корона вирусот;

Време е политичарите и партиите да бидат на висината на задачата, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

фото: Архива

 

На почеток