Македонија

Трансфузиолошкото одделение во Охрид е во карантин од 19 март, со болен од корона вирус имале контакт на 10 ти овој месец

Персоналот од Трансфузиолошкото одделение е во карантин од 19 март, односно од пред четири дена, а со заболениот контактирале на 10 март овој месец, објаснува директорот на Центарот за јавно здравје-Охрид, Сашо Точков за „А1он“.

Еден ден подоцна е затворен целиот оддел. Персоналот до тогаш не знаел дека пациентот кој бил на преглед кај нив има коронавирус. Па затоа, наместо во 14 дневна изолација, тие ќе останат до утре, бидејќи тогаш им истекува периодот на инкубација, пресметано од денот кога го имале првиот контакт со пациентот заболен од коронавирус. Од денот кога заболениот бил на Одделот за трансфузиологија, таму идните 9 дена доаѓале и други пациенти.

Станува збор за првозаболениот од коронавирус во Охрид, кој според кажувањата на Точков, бил дијагностициран на 19 месецов. Директорот на јавно здравје од Охрид објаснува дека епидемиолог постојано контактирал со заболениот по неговото враќање во Италија, како и дека дадени му биле напатствија за негова самоизолација и истиот никогаш не пријавил дека бил на Трансфузиологија, односно, дека го напуштил домот.

„Во моментот на контакт персоналот не знаел дека тоа лице има коронавирус. Доколку одиме наназад, може и пациенти се заразени од него. Ние на 19 март дознавме дека е позитивен, откако беше тестиран по истекот на периодот за инкубација. Дотогаш, тој не јави никакви симптоми. Тој со неговата сопруга е дојден од Италија. Резултатот на неговата сопруга беше негативен. И двајцата имале контакти, иако пациентот се контролира од моментот кога е дојден во земјава“, објаснува Точков.

Текстот во целост на А1ОН

На почеток