Свет

Во Хрватска бројот на заболени од корона вирус се искачи на 657лица, заболен е и градоначалникот на Солин

71 заболен од корона вирус во Хрватска за еден ден. До сега инфицирани се вкупно 657, а 49 се излечиле.

Вчера Хрватска објави за смртта на уште две лица – 92 и 60-годишни жени кои починаа од вирусот, со што бројот на смртни случаи во земјата се искачи на петмина.

Синоќа, првиот хрватски политичар исто така објави дека е позитивен за коронавирусот, а станува збор за градоначалникот на Солин, Далибор Нинчевиќ, кој ја објави веста на Фејсбук.

фото: Архива

 

На почеток