Македонија

Починаа уште две лица од корона вирус, дијагностицирани нови 16 луѓе позитивни на вирусот

Два нови смртни случаи како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

-Еден пациент на 91-годишна возраст кој беше хоспитализиран осум дена и утрово рано пациент на 31-годишна возраст  кој бил на респиратор, и чија клиничка слика беше тешка со уште пофулминантен тек на влошување на состојбата, истакна министерот Филипче. 

Министерот додаде дека на инфективната клиника примени се тројца пациенти од Скопје и Куманово. Во моментот хоспитализирани се вкупно 49 пациенти, 7 се со потешка клиничка слика, пневмонија, воспаление на белите дробови. Во овој момент нема пациенти кои што се лекуваат на респираторна машина. Стабилна е состојбата на сите други пациенти ширум државата, ристакна министерот Филипче.

Инаку во изминатите 24 часа регистирани се 16 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени во овој момент е 257.

фото: Архива

 

 

На почеток