Свет

DW: Германска студија од 2012 година до детал ја предвиде пандемијата на коронавирусот

На 3 јануари 2013 година германската сојузна влада до парламентот-Бундестагот доставува експертски извештај изработен од научници на Роберт Кох институтот и други институции, во кој се развиваат можни сценарија за пандемија со нов коронавирус, сличен на оној на Сарс. Овој извештај, или поточно анализа на ризик, е основа за политички одлуки во случај на таква појава.
Она што во тој извештај го предвидуваат научниците, деновиве, со избивањето на пандемијата на Ковид-19, со минимални разлики го преживува целиот свет, објави dw.com.

Повод за извештајот е случај од летото 2012 година, кога во светот се откриени шест пациенти со нов, дотогаш непознат, коронавирус, кој не бил директно поврзан со коронавирусите од семејството Сарс-КоВ, каков што имаме денес. Двајца од шестмината пациенти заразени со овој нов вирус во 2012 година починале. Единствениот пациент кој бил третиран во Германија- преживеал. Карактеристика на овој вирус била што тешко се пренесувал од човек на човек, па и ризикот од поширока епидемија бил мал. Но, случајот бил повод научниците да развијат сценарио со поопасна варијанта на тој вирус, кој брзо би се пренесувал од човек на човек. Го нарекле Моди-Сарс-Вирус, или модифицирана верзија на Сарс-КоВ. Во случајот Моди-Сарс е хипотеза, но со реални својства, објави објави dw.com.

Текстот во целост на:dw.com. 

На почеток