Македонија

Владата донесе измени-миленичињата ќе може да се шетаат за викенд од 20:00 до 20:30 часот, но најмногу 100 метри од домот

Сопствениците на домашни миленици ќе имаат дозвола за време на викендите да ги шетаат милениците половина час од 20 до 20:30 часот, одлучи Владата. Тие нема да смеат да се оддалечат од живеалиштето повеќе од 100 метри и да се групираат со други лица.

-На денешната седница донесовме измени на уредбата за ограничено движење за да им се излезе во пресрет на домашните миленици – за време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20:00 до 20:30 часот, најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, без групирање, соопшти техничкиот премиер на Твитер, Оливер Спасовски.

Оваа измена доаѓа по реакциите на сопствениците на домашни миленици на мерките за забрана за движење кои ги донесе Владата за да се запре заразата од ширење на корона вирус за викенди која се спроведува од 16:00 до 05:00 часот.

фото: Архива

На почеток