Македонија

Германски центар за вирусологија: Короната не останува ни во воздух ни на овошје и зеленчук!

Центарот за вирусологија во Бон, кој работи во рамките на клиниката,  им ги соопшти на граѓаните првите резултати од истражувањето на вирусот, за да можат најдобро да ја проценат ситуацијата.
Студијата спроведена од лекари во овој Центар откри дека коронавирусот не останува во воздухот, значи дека не може да се вдишува, не останува на овошје, зеленчук, леб, но дека главниот пат на пренесување е инфекција со капки. Ова може да се случи преку директен контакт со некоја личност, а честопати и преку контакт со рацете, ако потоа следува контакт на заразеното лице со носот, лицето.

Носењето маски и раквици е индивидуална работа, но нема потреба од тоа, исто така, ако одржувате доволно растојание и ако редовно ги миете рацете при пристигнувањето.

фото: Архива

На почеток