На Клиниката за пулмологија во Скопје почина мајката на сопругата на претседателот Стево Пендаровски – Елизабета Ѓоргиевска. Посмртно и бил земен брис, со цел да се провери дали била заболена од коронавирусот. Резултатите од тестот треба да бидат готови во текот на утрешниот ден.
„Таа починала денес. Имала тешка општа здравствена состојба. Посмртно е земен брис, но генерално, досега немала наод за присуство на Ковид-19. Резултатите ги очекуваме, штом ги добиеме, ќе информираме“, велат од кабинетот на Пендаровски.
фото: Архива
