Силно невреме во Пехчево. На социјалните мрежи се објавуваат фотографии од голема штета која истото ја предизвикало. Откорнати дрва и покриви … Граѓаните пишуваат дека невремето сеуште трае…
Од силината на ветрот како што информираат жителите откорнат е стариот чемпрес, додека паднати дрвја има и во дворот на старата амбуланта во Пехчево.
Ветрот оштетил и неколку автомобили како и неколку гаражи, шупи и други импровизирани дрвени објекти во дворовите на луѓето.
На одредени места во близина на куќи забележани се паднати тополови и оревови дрвја.
Од УХМР за Скопје 1 информираат дека за овој регион имало и најава за засилен ветар.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2868799803215055&set=pcb.2868801423214893&type=3&theater
фото: ФБа
